Апликациите за летните универзитети (SU) се отворени!
Чест ни е да го најавиме отварањето на апликациите за летните униварзитети, кои како и секоја година ќе се одржуваат во повеќе од 130 европски градови во текот на летото. Можете да се пријавите на www.aegee.org/su до 24ти април, а повеќе информации ќе најдете на www.aegee.org
Детални информации за тоа како да аплицирте можете да најдете на овој линк,а брошурата со летните универзитети можете да ја преземете тука.
Други клипови поврзани со летните универзитети можете да погледнете во галеријата
Здраво фрикови
За сите кои:
- подлабоко или поплитко и навлегле на филозофијата на уличните уметности,
- се заинтересирале за графити, стенсилс, жонглирање, или дури се активни на овие полиња,
- сакаат да ја претстават македонската/скопската улична уметност во најдобро светло,
- сакаат да творат со истомисленици од Германија и Холандија,
- имаат солидно познавање на англискиот јазик,
АЕГЕЕ-Скопје, во соработка со АЕГЕЕ-Дрезден и АЕГЕЕ-Ротердам организира размена со тема
УЛИЧНА УМЕТНОСТ!!!
Во септември 2008, седум студенти од Скопје ќе ја имаат извонредната шанса да поминат по четири дена во Дрезден и Ротердам, и да бидат домаќини за студенти од овие градови, при што ќе дискутираат и работат на заеднички проекти во врска со социо-културниот развој на овие три града и влијанието врз уличната уметност
Вонредна кандидатура за задолжен за односи со јавноста (PR) во бордот на АЕГЕЕ-Скопје
Почитувани,
Ве известуваме дека се пролонгира рокот за аплицкација за член на извршниот одбор на АЕГЕЕ-Скопје, одговорен за односи со јавноста (PR), до петок (11ти јануари 2008).
Можат да аплицираат исклучиво членови на АЕГЕЕ-Скопје,
АЕГЕЕ Скопје Ве поканува да дојдете заедно да го прославиме 15тиот роденден на нашата организација во клубот Сектор на 16.12.2007 (недела) од 23:30 часот. Влезот е слободен!
Со прославата по повод нашиот роденден, сакаме да заокружиме една целина од 15 години успешна работа, 15 години создавање на неформално образование, 15 години размена на различните европските култури и традиции, 15 години создавање на едно потолерантно општество без предрасуди, 15 години дружење, 15 години промоција на нашето мото „Some call it Europe, we call it home“....
Агенда за работилниците кои
ќе се одржат на 16ти Декември
09:00 - 09:30 -- Регистрација на учесниците (во канцеларијата на АЕГЕЕ - Скопје)
09:30 - 10:00 -- Вовед во терминот "активно граѓанство"
10:00 - 11:30 -- Работилница на тема "Стереотипи и нивните можни решенија"
фасилитатор Виктор Герасимовски
11:30 - 12:00 -- Кафе/пауза
12:00 - 12:15 -- Главните цели на АЕГЕЕ
12:15 - 15:00 -- Работилница на тема "Културна толеранција", фасилитатор Ангела Бораниева
15:00 - 15:30 -- Евалуација./
15 години АЕГЕЕ - Скопје
Датум на случување:16ти Декември 2007 година Локација: Правен Факултет/Скопје и Клуб „СЕКТОР“
Асоцијата на Европски Студентски Структури-Скопје( АЕГЕЕ-Скопје) оваа година го прославува своето 15 годишно постоење како една од најактивните младински организации во Македонија. АЕГЕЕ-Скопје е невладина, непрофитабилна и неполитичка организација чии главни цели се: мобилност на студентите низ Европа, подобрување на високото образование, запознавање на различни култури и рушење на стереотипите.
АЕГЕЕ-Скопје е антена на интернационалната AEGEE-Europe, која во 2000. и 2005. беше дел од петте најуспешни локали во мрежата.
Асоцијацијата е првата студентска организација кај нас која функционира на европско ниво. Во изминатите 15г. има направено повеќе од 500 проекти на локално, национално и меѓународно ниво, меѓу кои 12 Летни Универзите(SU), 100 трибини и конференции, како и 50 тренинзи од различни области. Списанието што АЕГЕЕ-Скопје го издаваше,”Europe-No borders, no limits” во 1994 и 2000/2001. беше прогласено за најдобра европска студентска публикација
Со прославата по повод нашиот роденден, сакаме да заокружиме една целина од 15 год. успешна работа; 15 год. создавање на неформално образование, 15 год. размена на европските култури, 15 год. создавање на едно потолерантно општество без предрасуди, 15 год. дружба, 15 год. промовирање на нашето мото „Some call it Europe, we call it home“...
Еднодневниот настан ќе се одржи на 16.12.2007 (недела) преку организација на:
1. Интерактивни работилници на тема: "Активна граѓанственост", "Стереотипите и нивните можни решенија" и "Културна толеранција" (во текот на денот, Правен Факултет)
2. Изложба на фотографии (клуб Сектор)
3. Промоција на нашето ново списание (клуб Сектор)
4. Проекција на филмови, изработени од поранешните и сегашните членови на AEGEE Скопје како и AEGEE Europe (клуб Сектор)
5. Свечена прослава (клуб Сектор)
6. Голема Забава која ќе започне во 23.30 часот (клуб Сектор)
AEGEE Скопје Ве поканува да дојдете заедно да го прославиме 15тиот роденден на нашата организација. Забавата е отворена за секого, како и за сите оние кои сакаат повеќе да се запознаат со нашата организација!
AEGEE Skopje организира регрутација на нови членови која ќе сеодвива во периодот од 25 октомври до 15 ноември 2007. Член на AEGEE Skopje може да биде секој студент, без разлика на тоа од кој униерзитет доаѓа. Презентација за нови членови ќе се одржи на 25.10.2007 (четврток), на Филозофскиот Факултет во салата за седници, со почеток во 18.00 часот.