ЛЕТЕН УНИВЕРЗИТЕТ 2007
Оваа година, која воедно го одбележува нашето 15 годишно постоење, AEGEE-Скопје традиционално го организираше својот 12ти Летен Универзитет.
Програмата содржеше предавања, посета на културно-историски знаменитости, работилници, интерактивни активности, вечерни забави и крстарења со брод. Запознавањето на партиципиентите со македонската култура, историјата, начинот на живот, проблемите со кои се соочуваме поради културните разлики на народите што живеат во Македонија, културната толеранција, стереотипите и забавувањето беа нашите водечки цели на Летниот Универзитет.
Тука, можете да го видите деталниот извештај за Летниот Универзитет ”The Balkan In a Heart Beat”, организиран од AEGEE-Скопје.
ПPB ДЕН- 09.07.2007 -СКОПЈЕ
- Пристигнување на партиципиентите во главниот град на Република Македонија и сместување во студентскиот дом;
- Игри за запознавање;
- Претставување на АЕГЕЕ-Скопје од страна на Драган Секуловски, Претседател на АЕГЕЕ-Скопје;
- Претставување на членовите на Бордот на АЕГЕЕ-Скопје;
- Вечера;
- Посета на настан од фестивалот Скопско Лето- опера на отворено,“Паљачи”;
- Шоу со оган во Градскиот Парк,во чест на пристигнувањето на партиципиентите ( акробати, жонглери, кловнови);
- Рок забава во ноќен клуб.
ВТОР ДЕН- 10.07.2007 –СКОПЈЕ
- Појадок;
- Свечено отворање на Летниот Универзитет во Владата на Република Македонија, Секретаријат за Европски прашања
- Партиципиентите имаа можност да присуствуваат на предавање за процесот на интеграција на Република Македонија во Европската Унија; интерактивно предавање, надополнето со прашања на партиципиентите од различни области на интерес;
- Посета на Етнолошкиот музеј на Македонија
- Професионални историчари одржаа предавање за најважните моменти од македонската историја и создавањето на македонската земја .
- Тие воедно имаа можност да присуствуваат на предавање за традиционалната македонска облека и архитектура, карактеристични за одделни периоди и делови од земјата.;
- Разгледување на Скопје, главниот град на Република Македонија: Тврдината Кале- симбол на отпорност, место од каде што може да се види целиот град; црквата Св. Спас и нејзините иконостаси од 18ти и 19ти век(старовековен македонски занает-дрвени резби со специфични икони во средината.)и фрески( религиозни цртежи, нацртани директно на ѕид,типични за христијанската религија). Наше наредно застанување- разгледувањето на стариот дел на градот и Скопската Чаршија, како и претставување на исламската култура.
- Пауза за кафе и ручек во стариот дел на Скопје.
- Пазгледување на новиот дел на Скопје: Камениот мост, сместен на реката Вардар. Претставува симбол на градот, кој го менува својот изглед низ вековите, од Јустинијан Први до Отоманската Империја, поврзувајки го стариот дел на Скопје од левата и новиот дел од десната страна. Преку легендите и фактите, партиципиентите се доближија до начинот на живот во Скопје. Дознаа повеќе за неговите жители и разликите меѓу нив: Христијанската наспроти Исламската религија, ориенталната атмосфера наспроти македонскиот фолклор,како и различните јазици кои се зборуваат во Македонија; Градскиот Плоштад; партиципиентите воедно слушнаа за најголемата трагедија случена на овие простори, ужасниот земјотрес, од 1963г., кој го уништил целиот град. Од леватта страна на плоштадот партиципиентите ги видоа четирите златни обечежја на куќата во која била родена Мајка Тереза.Тие имаа можност да дознаат повеќе детали за животот на Мајка Тереза и нејзината мисија во Индија. Одејќи по пешачката зона на улица Македонија, ги посетивме Феудалната кула и Споменикот на Мајка Тереза. Разгледувањето заврши со посета на Старата Железничка Станица, денес музеј на град Скопје и симбол на земјотресот.
- Слободно време
- Вечера
- Забава на отворено
ТРЕТ ДЕН- 11.07.2007-ОХРИД
- Појадок
- Заминување кон Охрид
- Патување кон Охрид ; На патот од Скопје кон Охрид, го посетивме едно од најважните религиозни обележја, манастирот Св. Јован Бигорски. Во него се наоѓаат непроценливи фрески од Св. Јован Бигорски и други светци. Манастиот во себе крие многу мистерии. На пример, постои верување дека коските на светците, со векови сочувани во манастирот, имаат исцелителна моќ; просторијата со икони содржи многу стари и важни икони; македонската соба содржи карактеристичен рачно изработен дрвен мебел, рачно изработени теписерии и килими и слики од сите архиепископи на Македонската Православна Црква.
- Ручек
- Пристигнување и сместување во Охрид
- Вечера
- Кратко предавање за градот Охрид( град заштите од UNESKO, кој низ историјата честопати претставувал центар на македонскиот културен и духовен живот.
-Кратко предавање за Охридското Езеро ( најстарото езеро во Европа, богато со уникатен животински и растителен свет)
-Кратко предавање за религиите во Македонија (специфична религиозна поделба, 60% православни и 30% муслимани)
- Забава во стариот дел на Охрид.
ЧЕТВРТИ ДЕН-12.07.2007- ОХРИД
- Појадок
- Работилница: “Работа во мултикултурни тимови”, предводена од Леон Бакрачевски ( поранешен претседател на АЕГЕЕ-Европа) и Бурџу.
- Посета на Билјанини Извори( историски поглед за настанокот на градот)
- Игри за социјализација
- Време поминато на плажа( плажа Парк)
- Вечера во традиционален македонски ресторан, каде што партиципиентите имаа можност да се запознаат со традиционална македонска музика и танци.
ПЕТТИ ДЕН-13.07.2007-ОХРИД
- Појадок
- Разглредување на Охрид
- Предавање за Античкиот Театар( од раниот антички период, прво користен како театар, потоа како место за гладијаторски борби, а денес претставува место каде што се оддржуваат културни настани,како фестивалот Охридско Лето.)
-Плаошик- комплекс од манастири( партиципиентите слушнаа повеќе за Св. Климент, основач на Плаошник и на првиот Словенски Универзитет, заштитник на градот Охрид и ученик на Св. Кирил и Методиј.)
-Предавање за црквата Св. Богородица Перивлепта, една од 365те цркви во Охрид( по една црква за секој ден во годината), која ја претставува македонската умнетност со фрески.
- Ручек
- Слободно време во центарот на Охрид
- Работилница: “Предавање за македонскиот јазик”, предводена од Елена Аврамовска и Ана Малцева; партиципиентите слушнаа за потеклото на македонскиот јазик, карактеристиките што го одделуваат од другите словенски јазици и неговите дијалекти. Во интерактивниот дел од наставата- вежби за читање, пишување и изговор на некои основни фрази.
- Вечера
- Забава во ноќен клуб
ШЕСТИ ДЕН-14.07.2007-ОХРИД
- Појадок
- Време на плажа( партиципиентите ја посетија најпопуларната плажа во Охрид, Градиште; на трите помали плажи со различма музика имаа можност да се запознаат со македонскиот начин на забавување на плажа.)
- Враќање во апартманите
- Работилница: “ Културна толеранција”, предводена од Ангела Бораниева.
- Активности по избор
-Еден дел од партиципиентите ја посетија балетската претстава “Шехерезада”, дел од фестивалот Охридско Лето, во изведба на Македонската опера и балет.
-Останатите, го гледаа македонскиот филм “ Балканкан”.
СЕДМИ ДЕН-15.07.2007-ОХРИД
- Појадок
- Разгледување на Охрид, II дел
-Посета на куќата на Робевци-симбол на типичната охридска ориентална архитектура, каде што имаа можност да слушнат повеќе за охридските бисери и риболов.
-Посета на куќата во која се наоѓа Гутемберговата Печатница, каде што присуствуваа на примитивен начин на печатење хартија.
-Посета на едни од најзначајните цркви во Македонија, црквите Св. Софија, изградена во 11ти век и Св. Канео, изградена за време на византискиот период.
- Ручек
- Слободно попладне
- Вечера
- Социјализирање
ОСМИ ДЕН-16.07.2007-ОХРИД
- Појадок
- Патување кон Св. Наум со брод; предавање за манастирот кој е изграден во 11ти век; фреските нацртани внатре, инспирирани од Св. Наум, ја претставуваат уникатноста на манастирот.
- Ручек
- Активност по избор
-еден дел од партиципинтите отиде на плажа, а останатите ги посетија Охридските извори со кајче
- Вракање во апартманите
- Работилница: “ Стереотипите и нивните можни решенија”, одражана од страна на Виктор Герасимовски; интерактивен дел, составен од 6 различни делови: “ Role game”, “Chubchubs”, краток филм,споделување на искуства помеѓу партиципиентите и пронаоѓање на заедничко решение прифатливо за сите.
- Вечера
- Забава
ДЕВЕТТИ ДЕН-17.07.2007-ОХРИД
- Појадок
- Време за плажа и скара ( ден поминат на дива плажа, со многи забава, игри и скара)
- Враќање во апартманите
- Забава на брод( уживање под охридското небо, кое траеше цела ноќ)
- Враќање во апартманите
ДЕСЕТТИ ДЕН-18.07.2007-СЛИВНИЦА
- Појадок
- Пат кон Сливница
- Пристигнување и сместување во Сливница
- Плажа ( време надополнето со спортсли активности како одбојка, фудбал...)
- Вечера
- Караоке шоу
ЕДИНАЕСЕТТИ ДЕН-19.07.2007-СЛИВНИЦА
- Појадок
- Разгледување на регионот кај Преспа; Партиципиентите ја посетија најстарата црква во Преспа, Св. Богородица ( стигнаа до црквата со трактори), изградена во 1607г.. Беше одржано предавање од локалното население за црквата, историјата и начинот на живот во регионот.
- Ручек
- Време за плажа
- Вечера
- Забава на плажа
ДВАНАЕСЕТТИ ДЕН-20.07.2007-СЛИВНИЦА
- Појадок
- Разгледување на регионот на Преспа; партиципиентите имаа можност да посетат уште едно село, Курбиново, каде што научија повеќе за црквата Св. Георги и имаа можност да го почуствуваат селскиот туризам.
- Ручек во традиционален македонски ресторан
- Плажа
- Вечера
- Забава
ТРИНАЕСЕТТИ ДЕН-21.07.2007-СЛИВНИЦА
- Појадок
- Работилница предводена од Ангела Бораниева и Мартин Петровски, на која партиципиентите се запознаа со традиционалните македонски танци.
- Традиционален македонки ручек
- Работилница: “Европски дијалог”, предводена од Јован Бакарџиев
- Слободно време
- Купување намирници за Европска вечер
- Европска вечер (секоја земја ги презентира своите национални јадења и пијалоци)
ЧЕТИРИНАЕСЕТТИ ДЕН-22.07.2007- БИТОЛА-СЛИВНИЦА
- Појадок
- Пат кон Битола
- Разгледување на Битола
-Битола е вториот најголем град во Македонија, кој е регионален, економски и универзитетски центар во југозападниот дел од земјата. За време на владеењето на Отоманската Империја, Битола бил значаен дипломатски, културен и комерцијален центар на Балканскиот Полуостртов.
-Посета на споменик од времето на Отоманската Империја –Куќата на таткото на модерна Турција (учел воено училиште во Битола), Кемал Мустафа Ататурк, каде што имавме предавање на неговите живот и значење.
-Посета на археолошки музеј, каде што историчар ни одржи предавање за историјата на градот и регионот.
-Посета на Широк Сокак, улица од старата чаршија, која една од најдобрите претставници на архитектурата во времето на Отоманската Империја.
-Посета на Саат Кулата во Битола.
- Ручек
- Патување кон Скопје
- Пристигнување и сместување во Скопје
- Презентација на фондацијата Конрад Аденауер
- Еваулација на Летниот Универзитет
- Вечера
- Забава со коктели
|