Нови сте во некоја невладинаорганизација?
Сакате да се приклучите активно, но се плашите дека го немате потребното знаење и искуство?
Или пак само сакате да си го подобрите теоретското знаење за работа во младинските НВОи?
АEGEE-Скопје го организира совршениот тренинг за вас:
ЛОКАЛЕН ТРЕНИНГ КУРС
Од 24 ти до 27 ми Октомври ќе се одржи четиридневен тренинг курс во Подгорски Ан (Koлешино) кој на учесниците ќе им понуди уникатна шанса да се запознаат со основите на проектен менаџмент, односи со јавноста, обезбедување средства, комуникациски вештини и справување со конфликти. Притоа, стекнатото знаење ќе можат веднаш да го применат во повеќе интерактивни работилници, модерирани од обучени и искусни тренери како и младински активисти од земјата и странтво.
Овој проект е делумно поддржан со грант на Амбасадата на САД во Скопје, Македонија и има за задача да го прмовира неформалното образование кај македонската младина но и да и овозможи стекнување на нови работни способности.
Повикот е отворен за студентите на сите универзитети од Македонија, како и за активните членови на младинските НВОи.
Селекцијата на кандидатите ќе се врши според нивната мотивација, и според начелото на мултикултуралност, а не според искуството.
Мислењата, откритијата, и заклучоците, или препораките изнесени во текот на курсот се на авторот(ите), и не значи дека тие се одраз на ставовите на Стејт Департментот или Владата на САД.
Оваа година традиционално АGEE-Скопје го одржа 13 ттиот по ред Летен Универзитет. Од 9 до 22 јули 2008 година Македонија беше домаќин на 23 млади луѓе од 16 земји од Европа и тоа: Украина, Чешка, Турција, Словенија, Шпанија, Холандија, Полска, Русија, Франција, Унгарија, Италија, Хрватска, Германија. Во текот на двете недели престој во Скопје, Охрид, Битола, Преспа и Ресен, учесниците имаа можност да следат програма која се состоше од неколку дела...
Со особено задоволство Ве информираме дека АЕГЕЕ-Скопје во соработка со БалканИДЕА Скопје, Младински Образовен Форум и Млади Европски Федералистипроектот успешно го реализираше проектот "Пролетен ден во Европа" во Градскиот Парк Скопје, на 23 март 2008 година како целодневна културно-забавна манифестација. Проектот "Пролетен ден во Европа" започна да се организира во Брисел пред неколку години. По иницијатива на поранешниот Претседател на Република Македонија, г-дин Борис Трајковски, почна одбележувањето и во нашата држава и традиционално продолжува до денес.
Главна цел на оваа манифестација е да се доближиме до европскиот амбиент, да иницираме дебата за иднината на нашата земја во Европска Унија. Пораката која ние младите сакаме да ја пратиме со оваа манифестација најјасно се согледува од изјавата објавена во медиумите пред неколку години:. “Сакаме Европа без граници. Безбеден дом и безгрижно детство. Перспектива и развој на државата, посреќна иднина за секој жител во Македонија. Да нема омраза, војни, крвопролевања. Ни треба земја во која ќе нема поделба, во која не е важно дали си Македонец, Албанец, Турчин или Србин Земја во која сите во Македонија ќе живеат заедно едни покрај други, рамноправни тука, но и рамноправни во Европа. Ни треба општество кое ќе ни нуди образование, вработување, размена на искуства со младите од соседството, со младите од цела Европа”. (Утрински весник,22.03.2004 година)
Апликациите за летните универзитети (SU) се отворени!
Чест ни е да го најавиме отварањето на апликациите за летните униварзитети, кои како и секоја година ќе се одржуваат во повеќе од 130 европски градови во текот на летото. Можете да се пријавите на www.aegee.org/su до 24ти април, а повеќе информации ќе најдете на www.aegee.org
Детални информации за тоа како да аплицирте можете да најдете на овој линк, а брошурата со летните универзитети можете да ја преземете тука.
Други клипови поврзани со летните универзитети можете да погледнете во галеријата
Здраво фрикови
За сите кои:
- подлабоко или поплитко и навлегле на филозофијата на уличните уметности,
- се заинтересирале за графити, стенсилс, жонглирање, или дури се активни на овие полиња,
- сакаат да ја претстават македонската/скопската улична уметност во најдобро светло,
- сакаат да творат со истомисленици од Германија и Холандија,
- имаат солидно познавање на англискиот јазик,
АЕГЕЕ-Скопје, во соработка со АЕГЕЕ-Дрезден и АЕГЕЕ-Ротердам организира размена со тема
УЛИЧНА УМЕТНОСТ!!!
Во септември 2008, седум студенти од Скопје ќе ја имаат извонредната шанса да поминат по четири дена во Дрезден и Ротердам, и да бидат домаќини за студенти од овие градови, при што ќе дискутираат и работат на заеднички проекти во врска со социо-културниот развој на овие три града и влијанието врз уличната уметност
Вонредна кандидатура за задолжен за односи со јавноста (PR) во бордот на АЕГЕЕ-Скопје
Почитувани,
Ве известуваме дека се пролонгира рокот за аплицкација за член на извршниот одбор на АЕГЕЕ-Скопје, одговорен за односи со јавноста (PR), до петок (11ти јануари 2008).
Можат да аплицираат исклучиво членови на АЕГЕЕ-Скопје,
АЕГЕЕ Скопје Ве поканува да дојдете заедно да го прославиме 15тиот роденден на нашата организација во клубот Сектор на 16.12.2007 (недела) од 23:30 часот. Влезот е слободен!
Со прославата по повод нашиот роденден, сакаме да заокружиме една целина од 15 години успешна работа, 15 години создавање на неформално образование, 15 години размена на различните европските култури и традиции, 15 години создавање на едно потолерантно општество без предрасуди, 15 години дружење, 15 години промоција на нашето мото „Some call it Europe, we call it home“....
Агенда за работилниците кои
ќе се одржат на 16ти Декември
09:00 - 09:30 -- Регистрација на учесниците (во канцеларијата на АЕГЕЕ - Скопје)
09:30 - 10:00 -- Вовед во терминот "активно граѓанство"
10:00 - 11:30 -- Работилница на тема "Стереотипи и нивните можни решенија"
фасилитатор Виктор Герасимовски
11:30 - 12:00 -- Кафе/пауза
12:00 - 12:15 -- Главните цели на АЕГЕЕ
12:15 - 15:00 -- Работилница на тема "Културна толеранција", фасилитатор Ангела Бораниева
15:00 - 15:30 -- Евалуација./
15 години АЕГЕЕ - Скопје
Датум на случување:16ти Декември 2007 година Локација: Правен Факултет/Скопје и Клуб „СЕКТОР“
Асоцијата на Европски Студентски Структури-Скопје( АЕГЕЕ-Скопје) оваа година го прославува своето 15 годишно постоење како една од најактивните младински организации во Македонија. АЕГЕЕ-Скопје е невладина, непрофитабилна и неполитичка организација чии главни цели се: мобилност на студентите низ Европа, подобрување на високото образование, запознавање на различни култури и рушење на стереотипите.
АЕГЕЕ-Скопје е антена на интернационалната AEGEE-Europe, која во 2000. и 2005. беше дел од петте најуспешни локали во мрежата.
Асоцијацијата е првата студентска организација кај нас која функционира на европско ниво. Во изминатите 15г. има направено повеќе од 500 проекти на локално, национално и меѓународно ниво, меѓу кои 12 Летни Универзите(SU), 100 трибини и конференции, како и 50 тренинзи од различни области. Списанието што АЕГЕЕ-Скопје го издаваше,”Europe-No borders, no limits” во 1994 и 2000/2001. беше прогласено за најдобра европска студентска публикација
Со прославата по повод нашиот роденден, сакаме да заокружиме една целина од 15 год. успешна работа; 15 год. создавање на неформално образование, 15 год. размена на европските култури, 15 год. создавање на едно потолерантно општество без предрасуди, 15 год. дружба, 15 год. промовирање на нашето мото „Some call it Europe, we call it home“...
Еднодневниот настан ќе се одржи на 16.12.2007 (недела) преку организација на:
1. Интерактивни работилници на тема: "Активна граѓанственост", "Стереотипите и нивните можни решенија" и "Културна толеранција" (во текот на денот, Правен Факултет)
2. Изложба на фотографии (клуб Сектор)
3. Промоција на нашето ново списание (клуб Сектор)
4. Проекција на филмови, изработени од поранешните и сегашните членови на AEGEE Скопје како и AEGEE Europe (клуб Сектор)
5. Свечена прослава (клуб Сектор)
6. Голема Забава која ќе започне во 23.30 часот (клуб Сектор)
AEGEE Скопје Ве поканува да дојдете заедно да го прославиме 15тиот роденден на нашата организација. Забавата е отворена за секого, како и за сите оние кои сакаат повеќе да се запознаат со оваа организација!
AEGEE Skopje организира регрутација на нови членови која ќе сеодвива во периодот од 25 октомври до 15 ноември 2007. Член на AEGEE Skopje може да биде секој студент, без разлика на тоа од кој униерзитет доаѓа. Презентација за нови членови ќе се одржи на 25.10.2007 (четврток), на Филозофскиот Факултет во салата за седници, со почеток во 18.00 часот.