РЕГРУТАЦИЈА НА НОВИ ЧЛЕНОВИ

AEGEE Skopje за пр пат оваа студентска година организираше регрутација на нови членови. Регрутацијата се одвиваше во следниве чекори:
1. Тим за регрутација - кој ќе биде одговорен за сите активности кои се поврзани со примањето на новите членови. Овој тим беше создаден од членови на AEGEE Skopje кои доброволно сакаа да се вклучат во активностите. За таа цел беше испратен е-маил на AEGEE -Skopje L мејлинг листата каде што сите оние кои беа заинтересирани можеа да се пријават на следниов е-маил: viktorinox2004@yahoo.co.uk
2. Едукација - Пред да појде на терен, тимот за регрутација помина низ мала едукација за тоа што е регрутација, како да се пристапи на теренот, комуникаци со луѓе и други прашања кои ги засегаа студентите. Беа искористени материјали од AEGEE Europe Office како помошни средства кои биле користени за регрутации на други антени во AEGEE Europe.
3. Работа на терен - Нашата презентација пред потенцијалните нови членови на AEGEE Skopje се одвиваше преку организирање на маса за информации на Правниот, Економскиот, Филозофскиот, Филолошкиот и Факултетот за општествени науки ФОН во Скопје, како и презентации, внатре за време на предавањата (кои беа однапред договорени) на Правниот, Економскиот, Филозофскиот и Факултетот за општествени науки ФОН. За оваа регрутација беа изработени постери и флаери кои ни помогнаа во информирањето на нашите идни членови за AEGEE Skopje.
4. Презентација на нови членови - Оваа презентација се одржа на 25.10.2007 четврток, во салаата за седници на Филозофскиот Факултет во Скопје, со почеток во 18 часот. Презентацијата траеше околу 1 час и 15 минути, каде што студентите беа запознаени одблиску со целите, структурата, полињата на делување на AEGEE Europe, беше дадена кратка биографија на AEGEE Skopje, a како ексклузивен гостин беше г-дин Ивица Боцевски, поранешен член на бордот на AEGEE Skopje, како и AEGEE Europe. На крајот од презентацијата имаше и мал коктел
Како членови во тимот за регрутација беа вклучени и членови од бордот на AEGEE Skopje.
|