АЕГЕЕ Скопје
(Асоцијација на европски студентски структури - Скопје)
АЕГЕЕ-Скопје е дел од разгранетата мрежа на АЕГЕЕ-Европа. Основано е во 1993 година при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”. Претставува прва студентска организација во Р. Македонија која работи на европско ниво.
Вклучувајки се во сите активности на АЕГЕЕ мрежата, АЕГЕЕ-Скопје за 15 години постоење стана една од најактивните антени и беше прогласена во 2000 и 2005 година за една од петте најуспешни антени коишто ја движат организацијата во Европа.
АЕГЕЕ-Скопје издаваше и магазин Europe – No borders no limit којшто е прогласен за најдобра европска студентска публикација во АЕГЕЕ мрежата во 1994 и 2000/2001. АЕГЕЕ-Скопје е братска антена со АЕГЕЕ антените од Белград, Загреб, Атина, Утрехт, Марибор и Валенсија. Истакнувајќи се како најактивна антена во регионот АЕГЕЕ-Скопје се здоби со признание и одговорност за координатор на антените во Балканскиот регион. Во своето богато делување АЕГЕЕ-Скопје има организирано бројни меѓународни и локални настани, од кои би ги оздвоиле најзначајните:
- Via Ignatia (1996) – организиран во соработка соАЕГЕЕ-СолуниАЕГЕЕ-Истанбул
- 7/8 (1997) - организиран во соработка соАЕГЕЕ-Београд
- Патување низ Македонија (1998) - Country of culture, Land of Nature
- Две култури сјаат под балканското сонце (1999) - организиран во соработка соАЕГЕЕ-Атина
- Што е што а што е не? (2000)
- Рецепт за добар одмор (2001) - организиран во соработка соАЕГЕЕ- Београд
- Македонски древнини (2002)
- Македонска бајка (2003)
- MacedonianaJONES (2004)
- Perfect formula for perfect SU (2005)
- Пријатен напад на сите твои сетила (2006)
Карактеристично за овие универзитети е тоа што тие се организираат во една порелаксирана средина, со организирани дискусии на одредена тема. Размената на искуства, размислувања се остварува преку рекреација и спорт се со цел да се промовираат природните убавини во зима во нашата земја а воедно и уште еднаш да се докаже дека постои разбирање и толеранција помеѓу европската младина.
- Ski Week (1997/1998) Маврово
- Ski Week (1998/1999) Маврово
- Ski Week (1999/2000) Маврово
- Ski Week (2002/2003) Пелистер
-
Конференции и други младински настани:
Речиси секоја недела, антените членки на нашата мрежа организираат конференции на најразлични теми. Младите од разни делови на Европа, студенти и професионалци се сретнуваат и дискутираат на актуелни теми со цел – размена на идеи, информирање, изнаоѓање на заемни решенија за одредени спротиставени ставови, обука преку интерактивни тренинг курсеви и сл. Бидејќи АЕГЕЕ претставува интердисциплинарна организација, настаните што се организираат се од различен карактер но почести наслови се поврзани со: иднината на Европа, меѓуетнички недоразбирања, визниот режим, човекови права, програми за студирање, маркетинг стратегии, мобилноста на младите, невработеноста како младински проблем, препознавање на неформалното образование и сл.
- Приватизација во источна Европа (1995)
- Да ја разбереме Европа (1996)
- CST1 ex- Југосалвија (1996)
- Визии за 21 вek (1997, локален настан )
- Makeдoниja, kaдe штовиното значи квалитет (1998)
- Еврото и ние, со еврото во Европа (1998, локален настан)
- CST2 ex- Југосалвија (1999)
- Панел дискусии за Европската Унија (1999, локален настан)
- Претседателски собир (2000)
- Get in the culture, feel the nature (2000)
- Еколошка експидиција на езерото Матка (2000, локален настан)
- Balkan Idea, 2000
- Education Action Week-европската недела на образованието, 2001
- 10 години АЕГЕЕ-Скопје (локален настан) 2002
- Летајте на крилјата на знаењето– НВО саем 2002
- Европските димензии во високото образование 2002
- Пролетен ден во Европа 2003
- Пролетна АГОРА (2004, интернационален настан, 900 учесници)
- Пролетен ден во Европа 2004, 2005
- Денот на Европската Унија 2005(локален настан)
- MAGELANO проект 2005 (интернационален настан)
- Регионален митинг на балканскиот регион 2005(интернационален настан)
- Локален Тренинг Курс 2005 (локален настан, PR, FR, PM)
- Разрешување на конфликти во мултиентички и мултикултурни средини 2005 (интернационален настан)
- Набљудувачка мисија на парламентарните избори на РМ 2006 (интернационален настан)
- АДАЕ 2006/2007 (низа локални проекти како дел од кампањата – „Сите еднакви, сите различни)
- Истражувачка ексурзија на НВО капацитетите во Р. Македонија 2006 (во соработка со EYF, Европски Младински форум)
- VIZA, ај батали! 2006 (масовен јавен настан)
- Law for you! (Тренинг курс за правници), 2007
- Размени (остварени со други АЕГЕЕ антени):
Целта на размените е развивање на постоечките и остварување на нови контакти со другите антени во рамките на АЕГЕЕ мрежата:
- Atina(1999)
- Blagoevgrad (1999)
- Belgrad (1999)
- Utreht (2000)
- Novi Sad (2000)
- Zagreb (2001)
- Nis, Belgrad, Zagreb, Maribor, Niksic, Novi Sad, Pristina, Pavija-Italija (2002)
- Maribor (2003)
- Beograd (2006)
За следната година АЕГЕЕ-Скопје има изработено неколку амбициозни проекти кои во својата срж ја носат најблагодарната идеја за меѓучовечко разбирање, позитивно мислење, отвореност на мислите, љубов и толеранција.
Освен исклучително високата амбициозност, ентузијастичкиот пристап, мотивираноста и волјата на нашите членови студенти, а идни двигатели на Европа и Р.Македонија во неа, мошне важен сегмент во животот на АЕГЕЕ се и позитивните односи со медиумите и потенцијалните спонзори и пријатели на Европската идеја за еден похуман свет и подобар живот за сите во Обединета Европа. Тоа всушност е и мотото на нашата организација:
“Some call it Europe, we call it home” |