1 1
ДОМА ЗА НАС БОРД ПРОЕКТИ ЧЛЕНОВИ ГАЛЕРИЈА КОНТАКТ
1
1
1 /1
1
Спонзори
1
1
1
1
1
1

АЕГЕЕ Скопје
(Асоцијација на европски студентски структури - Скопје)

АЕГЕЕ-Скопје е дел од разгранетата мрежа на АЕГЕЕ-Европа. Основано е во 1993 година при Универзитетот  “Св. Кирил и Методиј”. Претставува прва студентска организација во Р. Македонија која работи на европско ниво.
Вклучувајки се во сите активности на АЕГЕЕ мрежата, АЕГЕЕ-Скопје за 15 години постоење стана една од најактивните антени и беше прогласена во 2000 и 2005 година за една од петте најуспешни антени коишто ја движат организацијата во Европа.
АЕГЕЕ-Скопје издаваше и магазин Europe – No borders no limit којшто е прогласен за најдобра европска студентска публикација во АЕГЕЕ мрежата во 1994 и 2000/2001. АЕГЕЕ-Скопје е братска антена со АЕГЕЕ антените од Белград, Загреб, Атина, Утрехт, Марибор и Валенсија. Истакнувајќи се како најактивна антена во регионот АЕГЕЕ-Скопје се здоби со признание и одговорност за координатор на антените во Балканскиот регион. Во своето богато делување АЕГЕЕ-Скопје има организирано бројни меѓународни и локални настани, од кои би ги оздвоиле најзначајните:

  • Летни Универзитети:
  1. Via Ignatia (1996) – организиран во соработка соАЕГЕЕ-СолуниАЕГЕЕ-Истанбул
  2. 7/8 (1997) - организиран во соработка соАЕГЕЕ-Београд
  3. Патување низ Македонија (1998) - Country of culture, Land of Nature
  4. Две култури сјаат под балканското сонце (1999) - организиран во соработка соАЕГЕЕ-Атина
  5. Што е што а што е не? (2000)
  6. Рецепт за добар одмор  (2001) - организиран во соработка соАЕГЕЕ- Београд
  7. Македонски древнини (2002)
  8. Македонска бајка (2003)
  9. MacedonianaJONES (2004)
  10. Perfect formula for perfect SU (2005)
  11. Пријатен напад на сите твои сетила (2006)
  •  
  • Зимски Универзитети:                     

Карактеристично за овие универзитети е тоа што тие се организираат во една порелаксирана средина, со организирани дискусии на одредена тема. Размената на искуства, размислувања се остварува преку рекреација и спорт се со цел да се промовираат природните убавини во зима во нашата земја а воедно и уште еднаш да се докаже дека постои разбирање и толеранција помеѓу европската младина.

  1. Ski Week (1997/1998) Маврово
  2. Ski Week (1998/1999) Маврово
  3. Ski Week (1999/2000) Маврово
  4. Ski Week (2002/2003) Пелистер
  • Конференции и други младински настани:

Речиси секоја недела, антените членки на нашата мрежа организираат конференции на најразлични теми. Младите од разни делови на Европа, студенти и професионалци се сретнуваат и дискутираат на актуелни теми со цел – размена на идеи, информирање, изнаоѓање на заемни решенија за одредени спротиставени ставови, обука преку интерактивни тренинг курсеви и сл. Бидејќи АЕГЕЕ претставува интердисциплинарна организација, настаните што се организираат се од различен карактер но почести наслови се поврзани со: иднината на Европа, меѓуетнички недоразбирања, визниот режим, човекови права, програми за студирање, маркетинг стратегии, мобилноста на младите, невработеноста како младински проблем, препознавање на неформалното образование и сл.

  1. Приватизација во источна Европа (1995)
  2. Да ја разбереме Европа (1996)
  3. CST1 ex- Југосалвија (1996)
  4. Визии за  21 вek (1997, локален настан )
  5. Makeдoниja, kaдe штовиното значи квалитет (1998)
  6. Еврото и ние, со еврото во Европа (1998, локален настан)
  7. CST2 ex- Југосалвија (1999)
  8. Панел дискусии за Европската Унија (1999, локален настан)
  9. Претседателски собир (2000)
  10. Get in the culture, feel the nature (2000)
  11. Еколошка експидиција на езерото Матка  (2000, локален настан)
  12. Balkan Idea, 2000
  13. Education Action Week-европската недела на образованието, 2001
  14. 10 години АЕГЕЕ-Скопје (локален настан) 2002
  15. Летајте на крилјата на знаењето– НВО саем 2002
  16. Европските димензии во високото образование 2002
  17. Пролетен ден во Европа 2003
  18. Пролетна АГОРА (2004, интернационален настан, 900 учесници)
  19. Пролетен ден во Европа 2004, 2005
  20. Денот на Европската Унија 2005(локален настан)
  21. MAGELANO проект 2005 (интернационален настан)
  22. Регионален митинг на балканскиот регион 2005(интернационален настан)
  23. Локален Тренинг Курс 2005 (локален настан, PR, FR, PM)
  24. Разрешување на конфликти во мултиентички и мултикултурни средини 2005 (интернационален настан)
  25. Набљудувачка мисија на парламентарните избори на РМ 2006 (интернационален настан)
  26. АДАЕ 2006/2007 (низа локални проекти како дел од кампањата – „Сите еднакви, сите различни)
  27. Истражувачка ексурзија на НВО капацитетите во Р. Македонија 2006 (во соработка со EYF, Европски Младински форум)
  28. VIZA, ај батали! 2006 (масовен јавен настан)
  29. Law for you! (Тренинг курс за правници), 2007
  • Размени (остварени со други АЕГЕЕ антени):

Целта на размените е развивање на постоечките и остварување на нови контакти со другите антени во рамките на АЕГЕЕ мрежата:

  1. Atina(1999)
  2. Blagoevgrad (1999)
  3. Belgrad (1999)
  4. Utreht (2000)
  5. Novi Sad  (2000)                       
  6. Zagreb (2001)
  7. Nis, Belgrad, Zagreb, Maribor, Niksic, Novi Sad, Pristina, Pavija-Italija (2002)
  8. Maribor (2003)
  9. Beograd (2006)

За следната година АЕГЕЕ-Скопје има изработено неколку амбициозни проекти кои во својата срж ја носат најблагодарната идеја за меѓучовечко разбирање, позитивно мислење, отвореност на мислите, љубов и толеранција.
Освен исклучително високата амбициозност, ентузијастичкиот пристап, мотивираноста и волјата на нашите членови студенти, а идни двигатели на Европа и Р.Македонија во неа, мошне важен сегмент во животот на АЕГЕЕ се и позитивните односи со медиумите и потенцијалните спонзори и пријатели на Европската идеја за еден похуман свет и подобар живот за сите во Обединета Европа. Тоа всушност е и мотото на нашата организација:

 

“Some call it Europe, we call it home”

1